Дома Трансфер зона Трансфер сага во најава: Пресврт во случајот „Алисон“!?

Трансфер сага во најава: Пресврт во случајот „Алисон“!?

alison

Трансфер сага во најава.

Пред само два дена Шпанците и Италијанците тврдеа дека Алисон е завршена работа и дека за сума од 75 милиони евра пристигнува во Реал Мадрид, сега пристигнува демант!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И тоа не од било кој, туку од Флорентино Перез кој наводно за новинарите ја дал следната изјава:

„Ако Рома бара 80 милиони евра за Алисон нека оди во Ливерпул“.

Оваа изјава ја пренесуваа неколку помалку познати медиуми од Шпанија, па поради тоа ја зимаме со доза на резерва, но каде што има чад…

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис неодамна откри дека од Рома ја одбиле неговата понуда од 60 милиони евра, сепак Рома сигурно повеќе би сакала да го продаде Алисон надвор од Италија, а не да засили еден од најголемите ривали.

Да потсетиме и дека самиот Алисон, неодамна истакнуваше дека доколку го напушта Рим би заминал само на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Барселона договори светски шампион, пристигнува бесплатно!

Според последните информации, Барселона успеала да постигне договор во летниот преоден рок…