Брајтон го претстави своето ново засилување, а тоа е долгогодишниот стопер на Ајакс, Жоел Велтман.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Може да се каже дека овој трансфер се случи “од ведро небо“ бидејќи не се зборуваше за заминување на Велтман од Ајакс, клубот каде ја помина целата кариера.
28-годишниот Велтман е и повремен репрезентативец на Холандија, а денеска официјално стана второто засилување за Брајтон, откако претходно пристигна Адам Лалана.
Велтман имаше договор со Ајакс до следното лето, а за сега нема информација за висината на трансферот која Брајтон ја плати за неговиот потпис.