Роберт Левандовски и оваа сезона покажува дека е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а медиумите тврдат дека од следната сезона би можел да игра во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за неговите услуги, а Мурињо смета дека токму Левандовски би бил иделаниот напаѓач со кого ќе може да ја нападне титулата во Премиер лигата.
Наводно „црвените ѓаволи“ се спремни да платат 100 милиони евра за неговиот потпис, па останува да се види како ќе реагира Баерн Минхен на ваквата понуда.
Тешко е да се поверува дека Баерн ќе се откаже од својот најдобар голгетер, а наводно ни самиот Левандовски нема намера да се сели од „Алијанц Арена“.