Додека беснее војната во Израел, конфликтот полека ескалира надвор од границите на оваа земја.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во напад во Александрија, Египет, полицаец уби двајца израелски туристи, меѓу кои и Алон Шамли, помошник тренер на Хапоел од Тел Авив.
Информацијата ја пренесоа сите релевантни израелски медиуми со дополнување дека тој покрај работата како тренер работел и како наставник во училиште во Бат Јам.
Несреќниот тренер имаше 34 години, а клубот официјално се прости од него со емотивна порака.
Според медиумите, полицаец отворил оган во автобусот, а овие наводи се истражуваат.
Во конфликтот меѓу Хамас и Израел веќе загинаа над илјада луѓе, меѓу кои и поранешниот фудбалер Лиор Асулин.