Дома Фудбал Германија Трагедија во Германија: Играч на Мец (16) уби играч на Берлин (15)

Трагедија во Германија: Играч на Мец (16) уби играч на Берлин (15)

Фудбалски турнир на млади фудбалери во Франкфурт ќе остане запаметен по својот трагичен настан.

На турнирот на кој учествуваа 16 екипи од петте лиги, неименуван играч на Мец нападнал друг играч за време на турнирот и му нанел повреди кои подоцна ја предизвикале неговата смрт.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


RMC Sport пренесува дека германската полиција ја потврдила трагедијата. „По тепачката, 15-годишно момче почина во болница од сериозни повреди на мозокот“, се вели во полицискиот извештај.

На теренот избил конфликт меѓу играчите, а 16-годишен фудбалер нападнал врсник кој подоцна починал во болница.

„Тинејџерот беше задржан во живот со медицински помагала за да може да му се донираат органи“, потврдила за AFP портпаролката на обвинителството во Франкфурт. Починатиот тинејџер е 15-годишен млад играч на фудбалскиот клуб JFC Берлин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…