Дома Фудбал Италија Тоти и Де Роси го убедуваат Конте да дојде во Рома

Тоти и Де Роси го убедуваат Конте да дојде во Рома

Раководството на Рома прави се за да го убеди Антонио Конте да го преземе кормилото на „волчицата“, пренесуваат италијанските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Рома оваа сезона игра под сите очекувања, а викендов имаше ново разочарување откако испушти два гола предност на гостувањето кај Каљари.

Официјално клубот застанат зад тренерот Ди Франческо, но на Апенините тврдат дека раководството бара замена, а најголема желба е Антонио Конте. Притоа, за таа цел клубот побарал помош од клупските легенди Франческо Тоти и Даниеле де Роси.

Имено, Тоти веќе имал неколку телефонски разговори со Конте во кои го убедувал да се согласи да го преземе кормилото на „волчицата“, а истото го направил и Де Роси.

Меѓутоа, тоа ќе биде многу тешка мисија бидејќи Конте не сака да презема тим на средина од сезоната и ќе почека до следното лето да направи избор.

Италијанските медиуми пренесуваат дека други варијанти за клупата на Рома се Винченцо Монтела и Лоран Блан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ман Сити се урна за неколку минути, а доцниот напад донесе само делумна утеха

Евертон и Манчестер Сити играат при резултат 3:2 во натпревар од 35-тото коло на Премиер л…