Дома Фудбал Италија Тоти брутално искрен: Јувентус е надвор од конкуренција

Тоти брутално искрен: Јувентус е надвор од конкуренција

Легендарниот напаѓач истакна своја прогноза за крајот на шампионатот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тимот на Рома првенството го започна така што освои четири бода од првите три натпревари, а легендарниот Тоти зборуваше за шансите на овој тим.

„Никого не можеме да обвинуваме за нашите резултати, не чекаат уште многу натпревари, но мораме да бидеме реални, Јувентус ќе го освои Скудетото“.

„На нас ни останува да се натпреваруваме со Милан, Интер, Лацио и Наполи за втората позиција. Јувентус во овој момент е надвор од конкунреција“, заврши Тоти.

Ваквата ситуација можеби е и реална со оглед на моменталниот ростер на играчите на клубовите, но прашање е колку оваа изјава ќе им се допадне на навивачите на „волчицата“ кои секако дека сонуваат за прекинување на доминацијата на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона го провоцира Реал Мадрид пред Ел Класико: Кај вас драма, а кај нас…

Додека во Реал Мадрид последниве денови се зборува за конфликти, напнатости и проблеми во …