Дома Трансфер зона Тотенхем спреми 40 милиони за поранешен играч на Јунајтед

Тотенхем спреми 40 милиони за поранешен играч на Јунајтед

Англиските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Тотенхем е ѕвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха.

„Спарси“ веќе спремиле понуда од 40 милиони фунти за 25-годишниот крилен фудбалер, но Кристал Палас бара најмалку 50 милиони за неговата слобода.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем и пред две години имаше неуспешен обид да го донесе Заха во своите редови, но во летниот преоден рок ќе направи се за да го добие неговиот потпис.

Зага има договор со Кристал Палас до 2022 година, а оваа сезона игра фантастично и го привлече вниманието на неколку англиски гиганти.

Имено, за Заха интерес покажуваат уште Челзи и Манчестер Сити, но Тотенхем е спремен да ја победи конкуренцијата и наскоро ќе испрати официјална понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…