Дома Фудбал Англија Тотенхем рутински против Хадершфилд (Видео)

Тотенхем рутински против Хадершфилд (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем победија на гости кај Хадешфилд со 4:0 во средбата од 7. коло од англиската Премиер лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Спарси лесно стигнаа до нова победа, а три погодоци постигнаа во периодот од 9. до 23. минута од мечот.

Водство на стартот донесе Кејн. И побегна на одбраната на домашниот тим и лесно погоди за предност од 0:1.

Седум минути подоцна беше постигнат нов гол во мрежата на домашните. Убава акција која ја заврши Дејвис за предност од 0:2.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 23. минута. Прекрасен погодок постигна Кејн за убедлива предност од 0:3.

Тимот на Покетино потоа се повлече. Чекаа шанси од контра, додека Хадершфилд не можеше ништо да направи во нападот.

Победата и конечниот резултат беа познати по судиското надополнување, кога Сисоко погоди за 0:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Даниел Малдини повторно го смени клубот во Серија “А”

Калјари официјално го објавија доаѓањето на офанзивниот играч за врска Даниел Малдини, кој…