Дома Видео Тотенхем му нанесе нов пораз на Реал Мадрид

Тотенхем му нанесе нов пораз на Реал Мадрид

Премиерлигашот Тотенхем го порази Реал Мадрид со 1:0 во рамките на Ауди купот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова натпреварување е традиционален пријателски турнир кој последните години се игра во Минхен пред почетокот на сезоната, а натпреварите нема да ги паметат по добро навивачите на Реал.

Нивниот тим пред само неколку дена во пријателски натпревар загуби со 7:3 од Атлетико Мадрид, а денеска доживеа нов пораз, овој пат благ.

Реал овој натпревар го загуби по една неверојатна грешка на Марсело во 22. минута и му поклони гол на Хари Кејн. Кралевите во нападот беа доста лоши, создадоа неколку шанси и тоа најчесто преку Карим Бензема. Еден Азар ниту денеска не покажа нешто посебно, исто како и Крос, Модриќ…

Од друга страна, шанса за втор погодок Тотенхем имаше преку Деле Али и Сон, но на крајот остана 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

(Видео) Бразилците завршија сè во првото полувреме, сега се чекаат вести за Рафиња

Селекцијата на Бразил ноќеска во Филаделфија ја запиша првата победа на годинашниот Мундиј…