Дома Топ вести Тотенхем искешира 50 милиони за најдовриот дефанзивец од Серија А

Тотенхем искешира 50 милиони за најдовриот дефанзивец од Серија А

Приоритет на Тотенхем во летниот преоден рок е доведување на врвен дефанзивец, а тој најверојатно ќе пристигне од Серија А.

Според информациите од Италија Кристиан Ромеро од Аталанта е пред трансфер во Тотенхем за 50 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинецот одигра одлична сезона сезона во Бергамо и беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А. Аталанта го откупи неговиот договор за 16 милиони евра бидејќи фудбалерот беше на позајмица од Јувентус.

Новиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи одлично го познава Ромеро бидејќи тој го донесе во Јувентус, па сака што е можно побрзо да го комплетира трансферот бидејќи за Ромеро силен интерес покажува и Манчестер Јунајтед.

Последните информации се дека двете страни постигнале договор и Ромеро за 50 милиони евра ќе се пресели во Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…