Арсенал планира да ја прекине позајмицата на Лукас Тореира во Атлетико Мадрид до крајот на преодниот рок.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тореира пристигна во Атлетико како замена за Томас Парти, но не добива голема минутажа и оваа сезона има само 6 настапи во Ла Лига.
Во исто време неколку италијански клубови, пред се Торино и Фиорентина, покажуваат сериозен интерес за Уругваецот.
Поради тоа Арсенал сака да ја прекине позајмицата и да го испрати Тореира во Италија каде ќе игра редовно и неговата цена нема драстично да падне.
Италијанските клубови сакаат да го донесат играчот за врска на позајмица со право на откуп.