Дома Фудбал Тони Крос донесе одлука за својата иднина

Тони Крос донесе одлука за својата иднина

Германскиот фудбалер Тони Крос пристигна во Реал Мадрид во 2014 година и изгради легендарен статус во „кралскиот“ клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германецот има договор до крајот на сезоната, а „кралевите“ сакаат да му го продолжат на уште една година,  но Крос се уште нема ставено потпис.

Причините за тоа не се финансиите, туку планира да стави крај на кариерата, а „кралевите“ прават се за да го убедат да остане.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Крос конечно донел одлука и ќе игра уште една сезона за Реал Мадрид пред да стави крај на кариерата. Се очекува во наредните недели да стави потпис на договорот и официјално да биде потврдено неговото останување на „Сантиаго Бернабеу“ за уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Чаби Алонсо е нов тренер на Челси

Англискиот гигант Челси официјално потврди дека шпанскиот стратег Чаби Алонсо ќе го презем…