Искусниот Томе Китановски е второто засилување за Струга Трим Лум.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Китановски во Струга доаѓа да го пополни местото на Клинсман Цаке кој пред неколку дена потпиша за Шкендија. Договорот кој Струга го потпиша со Китановски е на шест месеци со можност за продолжување на уште една година.
Со ангажманот на Битолчанецот Струга добива на искуство. Во клубот пристигнува како слободен играч откако неодамна се раздели со лидерот на табелата Шкупи.
Во кариерата Китановски играше уште за Пелистер и Македонија Ѓорче Петро во Македонија, додека во странство го носеше дресот на: Крајова Романија, Вождовац, Младост Лужани, Истра, Славен Белупа, Сабаил и Кукеши.