Дома Фудбал Англија Тоа е Премиер лигата – Два пресврти, шест погодоци и победа на Челзи! (ВИДЕО)

Тоа е Премиер лигата – Два пресврти, шест погодоци и победа на Челзи! (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар денес одиграа Челзи и Вотфорд, а победа запишаа избраниците на Антонио Конте.

Фудбалерите на Челзи на свој терен славеа со 4:2. „Сините“ поведа со голот на Педро, но потоа гостите за само неколку минути направија пресврт преку Дакур и Переира, а на крајот Челзи со головите на Батшуаи и Азпиликуета ја врати предноста и успеа да слави.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во 12 минута, Азар со удар од околу 25 метри го матираше Гомеш, а во финишот од полувремето Вотфорд прво изедначи преку Дакур, за веќе на стартот на вториот дел да постигне нов погодок за целосен пресврт.

Се играше 71 минута кога Батшуаи го искористи нафрлувањето на Педро и со глава погоди за 2:2, а на сличен начин како и при овој погодок Азпиликуета погоди за ново водство на „сините“.

Во финишот Батшуаи ја искористи грешката на одбраната на Вотфорд и ги постави конечните 4:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Енрике по поразот: Знаевме дека ќе биде тешко…

ПСЖ вчера беше поразен од Борусија Дортмунд и сега ќе се надева во реваншот на свој терен …