Дома Фудбал Останато Тоа е Ибра, по спектакуларниот настап следуваше и изјава во негов стил! (Видео)

Тоа е Ибра, по спектакуларниот настап следуваше и изјава во негов стил! (Видео)

Златан Ибрахимовиќ прерасна во херој на Лос Анџелес Галакси уште во првиот натпревар на овој тим.

Лос Анџелес Галакси славеше во градското дерби против Лос Анџелес ФК, резултатот гласеше 4:3, а клучен човек беше – Златан Ибрахимовиќ!

Ибрахимовиќ во игра влезе при резултат 1:3, постигна два гола (третиот и четвртиот) и на крајот стана вистински херој.

Првиот гол на Швеѓанецот беше навистина спектакуларен со удар од скоро половина терен, додека вториот го постигна во последните моменти од натпреварот.

По, ваквиот натпревар секако следуваше и изјава во негов стил.

„Слушнав дека го сакаа Златан, па им го дадов Златан“, кратко порача Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн подготвува подобар договор за Олисе, но Французинот бара нешто што може сѐ да промени

Баерн сака да го продолжи договорот со Олисе, но еден детал може да ја промени ситуацијата…