Дома Трансфер зона Тиаго Алкантара моли да се врати на „Камп Ноу“

Тиаго Алкантара моли да се врати на „Камп Ноу“

Играчот за врска на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара повторно сака да го облече дресот на Барселона, пренесува германски „Билд“.

27-годишниот шпански репрезентативец го замолил раководството на Баерн Минхен да му биде дозволен трансфер ова лето. Новиот тренер на Баварците, Нико Ковач дал зелено светло за неколку фудбалери од средниот ред кои можат да ја напуштат „Алијанц Арена“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алкантара е еден од најдоброплатените фудбалери на Баерн и раководството е спремно да се раздели со шпанскиот плејмејкер. Меѓутоа, проблем за Барселона е што Баерн бара голема отштета за неговата слобода.

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска, сака да го врати Алкантара, но не е спремна да ги задоволи финансиските барања на Баварците.

„Билд“ пренесува дека играчот го замолил раководството да дојде до договор, бидејќи сака да се врати на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…