Дома Македонски спорт Мак фудбал Тетекс сепак останува со стручен штаб – оставката на Георгиевски и Цветковски не е прифатена!

Тетекс сепак останува со стручен штаб – оставката на Георгиевски и Цветковски не е прифатена!

Во завршницата од сезоната во втората лига бурен период го зафати Тетекс.

Тетекс кој се натпреварува во втората лига на Западот остана без претседателот на управниот одбор Војо Тофиловски, а потоа и Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски од стручниот штаб. Сепак клубот на вонредниот состанок одлучи да не ја прифати оставката на Георгиевски и тој ќе остане прв тренер, како и на неговиот помошник.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„На вонредниот состанок на Управниот Одбор на ФК Тетекс беше разгледена понудената оставка од страна на претседателот Војо Тофиловски и Стручниот штаб Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски. Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка на претседателот Војо Тофиловски е прифатена, а од друга страна НЕ за тренерскиот тим. Управниот Одбор, како и сите кои на било каков начин се поврзани со клубот целосно ја даваат поддршката на тренерот Славчо Георгиевски и неговиот помошник Дејан Цветковски, а убедени сме дека резултатската мини криза ќе се надмине веќе во останатите натпревари од првенството. Решението за назначување на овој тренерски тандем не е случајно и го сметаме за најважна алка во градењето на тимот сезонава“, соопштија од Тетекс.

Фото: ФК Тетекс

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…