Дома Фудбал Репрезентации Терористичкиот напад во Москва го одложи закажаниот натпревар на Русија

Терористичкиот напад во Москва го одложи закажаниот натпревар на Русија

Цел свет тагува за терористичкиот напад што се случи во петокот во Красногорск, па Руската фудбалска федерација направи, може да се каже очекуван потег.

Во договор со ФС Парагвај, од безбедносни причини е откажан пријателскиот натпревар меѓу двете селекции во Москва, кој требаше да се одигра на 25 март.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во оваа прилика се огласи и Фудбалската федерација на Русија.

„Руската фудбалска федерација, заедно со целата земја, жали за оние кои загинаа во страшниот терористички напад. Уште еднаш сакам да изразам искрено сочувство до сите семејствата и пријателите на жртвите во оваа трагедија. Во сегашната ситуација, заедно со колегите од Парагвај решивме да не го играме натпреварот меѓу нашата репрезентација и дека ќе го организираме на друг датум. Натпреварот нема да може да се игра во март, бидејќи рокот на ФИФА завршува во вторник, а репрезентативците мора да се вратат во своите клубови. Разговаравме дека овој натпревар сигурно ќе го одржиме во иднина“, изјави претседателот на ФС на Русија Александар Дјуков.

Терористичкиот напад се случи само еден ден по натпреварот на стадионот Динамо, кога Русија со 4:0 ја совлада репрезентацијата на Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Историска победа, Македонија оди на Светско првенство

Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива о…