Англиските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека легендарниот капитен на Челзи би можел да ја продолжи кариерата во друг клуб од Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, екипата на Бурнмаут го сака Џон Тери во своите редови и веќе испратиле официјална понуда до Челзи за позајмица до крајот на сезоната.
Тери не добива минутажа кај Антонио Конте, а сега со враќањето на Курт Зума неговата шанса за настап додатно ќе се намали, па Бурнмаут сака да ја искористи таквата ситуација.
И покрај тоа што ретко игра, Тери тешко дека ќе си замине, бидејќи Челзи е лидер во првенството, а Тери на крајот од сезоната може да го крене шампионскиот пехар.