Дома Македонски спорт Теодор Симиќ од Барселона во Игокеа, па на позајмица во Борац Бања Лука

Теодор Симиќ од Барселона во Игокеа, па на позајмица во Борац Бања Лука

Репрезентативецот на Македонија, Теодор Симиќ го напушти младинскиот тим на Барселона и ќе продолжи во сениорската кошарка откако ја прифати понудата од Игокеа каде што тренер е поранешниот селектор на Македонија, Драган Бајиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Симиќ со 18 години на центарската позиција важи за голем кошаркарски потенцијал на Македонија. Три години помина во младинскиот погон на Барселона, а сега дојде време за промена.

Во Игокеа го доведе Драган Бајиќ кој му даде шанса и во сениорската репрезентација на Македонија. Сезоната која следи Симиќ ќе ја помине на позајмица во тимот на Борац од Бања Лука кој се натпреварува во АБА 2 лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…