Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Му благодарам на Сити што не врати во реалноста

Тен Хаг: Му благодарам на Сити што не врати во реалноста

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг смета дека неговиот тим може да извлече поука од кошмарниот пораз во градското дерби овој викенд (6:3).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Во текот на сезоната ќе имаме вакви моменти. Го победивме Арсенал, потоа и Ливерпул и собравме самодоверба, но после дојде Сити и не врати во реалноста. Поради тоа му благодарам на Пеп и Сити за лекцијата. Треба да разбереме дека мора да играме подобро“, изјави Тен Хаг.

„Мора да прифатиме дека Сити беше подобар од нас, но не можеме да прифатиме да играме толку слабо. Сигурно ова нема да не натера да ја промениме филозофијата, но мора веднаш да се вратиме на победите. Утре имаме важен меч во Лига Европа и сакаме да победиме“, додаде Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов срамен потег на Роналдо: Вакво нешто не се гледа секој ден (Видео)

Фудбалерите на Ал Наср го загубија финалето на Азиската лига на шампиони 2, каде што подоб…