Дома Фудбал Англија Тен Хаг го испрати искусниот играч во резервниот тим на Манчестер Јунајтед

Тен Хаг го испрати искусниот играч во резервниот тим на Манчестер Јунајтед

Кариерата на Фил Џонс доживеа уште еден удар затоа што искусниот дефанзивец нема да биде член на првиот тим на Манчестер Јунајтед.

Овој 30-годишник кој во кариерата е склон кон повреди собра само 13 настапи за Манчестер Јунајтед во претходните четири сезони. Со доаѓањето на Ериксен, Касемиро, Мартин Дубравка, Тајрел Маласија, Антони и Лисандро Мартинез тој е префрлен во У23 тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една екипа во Премиер лигата може да има само 24 регистрирани играч и Тен Хаг покрај Џонс во резервниот тим ги испрати Брендон Вилијамс, Теден Менги, Аксел Туанзебе и Шол Шортеире.

Фил Џонс од поодамна не во плановите во Манчестер Јунајтед меѓутоа очигледно ќе остане до крајот на договорот (уште девет месеци) според кој заработува 110.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…