Медиумските шпекулации се потврдија и Еден Азар навистина нема да го продолжи договорот со Челзи поради возможноста да ја продолжи кариарата во Реал Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тоа денес за белгиските медиуми го потврди таткото на фудбалерот, Тиери Азар: „Еден го одби новиот договор бидејќи разбра за интересот на Реал Мадрид каде би се вклопил одлично“, изјави таткото на Азар.
Eden Hazard is keeping his options open ? pic.twitter.com/f3le4nHhFb
— B/R Football (@brfootball) December 29, 2017
Притоа, Тиери Азар ги демантираше шпекулациите дека веќе има постигнато договор со Реал Мадрид.
„Во овој момент немаме никаков договор. Еден е само една од страните, треба да видиме што мисли другата страна“.
Таткото на 26-годишниот Белгиец откри дека неговиот син му се восхитува на Реал Мадрид и сака еден ден да заигра на „Сантиаго Бернабеу“.