Дома Фудбал Германија Таксист го пронашол паричникот на Ноер, не е задоволен од „наградата“

Таксист го пронашол паричникот на Ноер, не е задоволен од „наградата“

Германски „Билд“ објави дека таксист го пронашол паричникот на голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер во кој имало пари и документи. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Таксистот кој го возел Нојер тој ден го пронашол паричникот кога го чистел автомобилот на крајот од својата смена.

„На личната карта стоело името и адресата на Мануел Нојер, а во паричникот имало картичка Visa Platinum, црна Mastercar картичка и околу 800 евра во кеш“, изјави таксистот за „Билд“.

По две недели добил пакет од Ноер во кој имало дрес со автограм на голманот, а тоа го налутило возачот затоа што потрошил 400 евра на гориво додека го барал германскиот голман за да му го однесе паричникот.

„Наградата е за потсмев. Имам четири деца, што да правам со тој дрес“, коментира незадоволниот таксист кој очигледно очекувал некаква парична награда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Швајцарија ја совлада Колумбија преку пенали и се пласира во четвртфинале против Аргентина

ФУДБАЛСКАТА репрезентација на Швајцарија се пласира во четвртфиналето на Светското првенст…