Дома Фудбал Останато Тадиќ: Не се плашам од противнички навивачи, ги преживеав бомбите во 1999 во Србија

Тадиќ: Не се плашам од противнички навивачи, ги преживеав бомбите во 1999 во Србија

Српскиот фудбалер, Душан Тадиќ заедно со своите соиграчи имаше непријатно искуство по натпреварот со Феенорд кога хулиганите на противничкиот тим го нападнаа нивниот автобус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тадиќ беше еден од стрелците во наптреварот кој се играше пред празни трибини. Сепак, навивачите ги чекаа ривалите пред стадионот. Само благодарение на возачот на автобусот се избегна поголем инцидент. Навивачите го чекаа на главниот влез, но автобусот со делегацијата на Ајакс замина од споредниот влез и така избегна големи проблеми.

Тадиќ за новинарите потенцираше дека не се исплашил од ситуацијата.

„Тој потег ме мотивираше, вооошпшто не се исплашив. Сум преживеал многу полоши работи, како бомбите во Србија во 1999 година. Тоа беше многу, многу пострашно. Можеби затоа сега немам страв од противнички навивачи“, изјави Тадиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…