Дома Останати Тага во регионот: Почина млада спортистка

Тага во регионот: Почина млада спортистка

Taжна вест денеска пристигнува од хрватски Винковец каде што на само 18 години почина младата хрватска каратистка Ника Бркиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Трагичната вест преку социјалните мрежи ја потврди Карате сојузот на Хрватска.

„Со зборови тешко може да се изрази болката која ја чувствуваме поради загубата на нашата сакана Ника Бркиќ. Ника не беше само врвна каратистка, туку и личност која ширеше позитивна енергија околу себе. Ќе се сеќаваме на нејзината предност на спортот и големото срце. Душата нека и пронајде мир, а нејзиното семејство и пријатели сила и заедништво. Нашите мисли се со вас во овој тежок момент. Почивај во мир, драга Ника“, стои во објавата на сојузот.

Засега повеќе информации за смртта нема. Ника пред само три месеци освои златен медал до 53 килограми, додека во 2018 година во младинските конкуренции беше вицешампион на Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…