Дома Фудбал Германија Тага во Дортмунд, еуфорија Минхен: Борусија си дозволи да ја изгуби титулата!

Тага во Дортмунд, еуфорија Минхен: Борусија си дозволи да ја изгуби титулата!

Се беше подготвено за славје во Дортмунд, навивачите со часови претходно го чекаа натпреварот пред „Вестфален“ , а на крајот дочекаа – шок и разочарување!

Борусија Дортмунд одигра реми со Мајнц 2:2. Мајнц немаше притисок и влезе растеретено во дуелот без некаков резултатски императив и тоа можеше да се забележи на теренот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот шок за навивачите на „Вестфален“ стигна по само 15 минути кога гол постигна Ханче-Олсен. Само четири минути подоцна Борусија доби прилика за изедначување, но Себастијан Але не реализираше пенал.

Казната стигна во 24-тата минута кога Онисво погоди за 0:2. Проблемите за избраниците на Терзиќ продолжија кога пред крајот на полувремето се повреди Адејеми.

Постигна два гола Борусија во вториот дел преку Геререро и Зуле во самата завршница, но тоа не беше доволно .

Баерн играше против Келн и го искористи овој подарок од големиот ривал во последното коло.

Драматична беше завршницата во Келн, Баерн поведе во осмата минута и тој резултат беше актуелен се до 81-та минута кога Љубичиќ од пенал донесе нова надеж за титула на Борусија.

Херој на Баерн беше Џамал Мусиала кој погоди во 89-тата минута, а во игра влезе само четири минути претходно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…