Дома Фудбал Италија Суспензијата на Наинголан не е само поради доцнењето – после ремито со Киево направил нешто неприфатливо!

Суспензијата на Наинголан не е само поради доцнењето – после ремито со Киево направил нешто неприфатливо!

Нема да биде утре во тимот против Наполи, но на доцнењето му претходела посериозна ситуација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раџа Наинголан е суспендиран и нема да биде во тимот на Интер за утрешното дерби против Наполи.

Интер го суспендираше поради доцнењето на тренинг и тоа не му било прв пат да задоцни. Веднаш беше прогласен за промашена инвестиција. Платен е 40 милиони евра, а неспортскиот живот му прави проблеми.

Но, доцнењето не е причината, туку нешто што претходело на тоа.

Имено, после ремито на Бентегоди место дома Наинголан се упатил во ноќен клуб каде што и ја поминал ноќта.

Наводно со него разговарал и Бепе Марота ќе биде и парично казнет, сепак ќе има уште една шанса. После Наполи ќе се врати во тимот и ќе добие прилика против Емполи со кој Интер ќе ја затвори календарската година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Португалија го гази Узбекистан: Шоу на Роналдо за голем подвиг на Мундијалите! (Видео)

Португалија има 3-0 против Узбекистан, а главен на теренот е Кристијано Роналдо кој постиг…