Португалецот Кристиано Роналдо по се изгледа утре ќе мора да се појави пред судот во Мадрид поради обвинувањата за затајување на данок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во документите нема никаква ставка дека Роналдо може да биде отсутен и ќе мора да се појави. Тоа значи дека ќе мора да влезе од главниот влез на судот каде што сигурно ќе биде пречекан од новинарите.
Сослушувањето е закажано за утре во 8:50 часот, а според информациите казната може да биде позната истиот ден.
Според очекувањата Роналдо треба да добие казна 1.8 милиони евра и условна затворска казна во времетраење од 23 месеци.