Дома Фудбал Останато Суарез избра еден од Мбапе и Халанд

Суарез избра еден од Мбапе и Халанд

Луис Суарез без дилеми веќе неколку години е еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Суарез играше одлично во дресот на Барселона, а минатото лето на изненадување на сите премина во Атлетико Мадрид каде што продолжи да игра на високо ниво.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во разговор за реномираната „Марка“ уругвајскиот напаѓач зборуваше за новата генерација напаѓачи која во овој момент доминира во Европа, тука се мисли најмногу на Мбапе и Халанд.
Уругваецот ги пофали и двајцата, но повеќе е на страната на Норвежанецот.

„Халанд е еден спектакуларен фудбалер. Има одлични физички предиспозиции и сигурно дека е еден од најдобрите во светот. Верувам дека ќе обележи една ера во фудбалот“.

„Мбапе или Халанд? Па, малку повеќе сум за Халанд, но и Мбапе е на високо ниво веќе неколку сезони“, изјави Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи го избра новиот менаџер

Енцо Мареска ќе биде нов тренер  на Челзи  и ќе го наследи Маурисио Покетино, пр…