Дома Фудбал Суарез за можното враќање во ПЛ: Би ми било тешко да играм против Ливерпул

Суарез за можното враќање во ПЛ: Би ми било тешко да играм против Ливерпул

Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез нема намера да се врати во Премиер лигата затоа што би му било тешко да игра против Ливерпул.

Суарез на „Енфилд“ помина четири сезони. Во црвениот дрес одигра 133 натпревари и постигна 82 гола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Би ми било тешко да играм за друг клуб во Англија. Имав и се надевам дека уште имам добар однос со навивачите на Ливерпул, би ми било чудно да бидеме на спротивна страна“.

Суарез оваа сезона со Атлетико Мадрид ја освои титулата во Шпанија. На „Ванда Метрополитано“ Уругваецот пристигна од Барселона минатото лето.

„Кога ќе помислам колку добро се вклопив и колкава доверба имам кај тренерот, многу ми е лесно да кажам дека ја донесов правилната одлука. Уживам сега овде, нема потреба да зборуваме за потенцијално заминување“, изјави Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…