Дома Трансфер зона Стоперот кој играше за Интер пред големо „предавство“: Може да потпише за Јувентус!

Стоперот кој играше за Интер пред големо „предавство“: Може да потпише за Јувентус!

Aко судиме според сегашните најави јануарскиот преоден рок во 2025 година може да понуди неколку изненадувачки трансфери, а еден од тие трансфери може да предизвика реакции во Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Јувентус остана без услугите на дефанзивецот Бремер кој се повреди до крајот на сезоната и неговото отсуство на теренот се забележува по бројот на примени голови на „старата дама“.

Медиумите во Италија пренесуваат дека Јувентус е заинтересиран да го доведе Шкриниар кој во минатото го носеше дресот на Интер.

Во редовите на ПСЖ, Словакот пристигна од редовите на „нероаѕурите“ и со францускиот гигант има договор до 2028 година. Но, во Париз нема минутажа каква што посакува и Јувентус е подготвен да ја искористи ситуацијата.

Шкриниар го познава италијанскиот фудбал и токму во Серија А играше во најдобар форма. Најавите се дека цената би можела да биде околу 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…