Дома Останати Ракомет Столе издоминира: Имав претчувство дека ќе добиеме француски противник

Столе издоминира: Имав претчувство дека ќе добиеме француски противник

Денес Вардар го доби својот противник за фајнл-форот во Келн каде што црвено-црните ќе ја бранат титулата освоена минатата година.

Вардар за противник го доби тимот на Монпеље кој дебитира на еден фајнл-фор турнир, но и тим кој оваа сезона ги елиминираше Барселона и Фленсбург.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Стојанче Стоилов по натпреварот беше запршан што мисли за противникот кој го добија во ждрепката во која Вардар беше единствениот тим кој не доаѓа од Франција.

„Имав чудно претчувство дека ќе добиеме француски противник“, се пошегува Стоилов па продолжи:

„Не е исто како минатата година. Тогаш бевме аутсајдери, а оваа година сме бранители на трофејот. Ова е фајнл-фор и немам посебно мислење за ниту еден клуб секој тим кој што е тука има еднакви шанси да стигне до титулата“, изјави Стоилов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Хрватска не ја избра Македонија: Познати шеширите за Светското првенство

За пет дена ќе се одржи ждрепката за Светското првенство, а сега се одрени и шеширите. Oрг…