Македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов поради повреда во сабота нема да настапи на контролниот натпревар против Русија.

Ракометарот на Вардар се пожалил на болки во ципите и најверојатно ќе мирува две до три седмици.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Повредата на Стоилов е во исклучително неповолен момент и за Вардар, бидејќи „црвено-црните“ влегуваат во завршната фаза од одбраната на титулите во СЕХА лигата, а потоа и во Лигата на шампионите (ЛШ).

Тој засега е неизвесен за СЕХА Ф4 турнирот што ќе се одржи во Скопје следниот викенд, а потоа Врадар го чека двомечот со Кил во ЛШ за пласман на фајналфор турнирот  во Келн.

Претходно беше соопштено дека и капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров по барање на неговиот клуб Нант нема да настапи против Русија.

Саботниот натпревар е дел од подготовките пред мундијалскиот бараж со Романија за пласман на СП во Данска и Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

„Валенсија доби многу со Димитриевски, не е мала работа во Рајо да имаш 13 чисти мрежи“

Столе Димитриевски ќе биде новиот голман на Валенсија и за ова се чека само официјална пот…