Натпреварот Атлетик Билбао – Барселона, заостанат од второто коло од Примера, ќе се одигра според предвиденото, иако беше најавено можно одложување.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Целиот тим на Барселона утрово беше тестиран на Ковид 19, па шпанските медиуми пишуваа дека натпреварот може да биде одложен.
Меѓутоа, резултатите покажаа дека нема ниту еден играч на Барселона кој е позитивен на Ковид-19, што е секако добра вест за сите во Каталонија.
Барселона со евентуална победа на тешкото гостување секако може да се врати во борбата за самиот врв, иако моментално се наоѓа на 5-то место на табелата.