Дома Фудбал Останато Стигна демант лично од Туре: Кога ќе дојде време за пензија, јас ќе ви соопштам

Стигна демант лично од Туре: Кога ќе дојде време за пензија, јас ќе ви соопштам

Пред неколку дена се појави вест дека Јаја Туре ја завршува блескавата фудбалска кариера и дека одлучил да започне тренерска, но таквата информација се покажа како лажна, Туре сега сам демантираше.

Интересно што таа информација во петокот ја прошири неговиот агент Димитри Селук кој на друштвените мрежи напиша дека поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска оди во играчка пензија и започнува да се подготвува за тренер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сега во јавноста се огласи лично Туре и јасно порача дека ќе продолжи со професионалното играње фудбал.

„Во последно време многу се пишуваше за мојата иднина. Сакам да појаснам дека го сакам фудбалот и дека ќе играм во наредните години. Навистина, се припремам за да станам тренер во иднина, но тоа не е нешто кое ми е важно во овој момент“, напиша Јаја Туре после вчерашната прослава на титулата на Сити во која учествуваше како репотер.

Јаја Туре го напушти Манчестер Сити минатата година и премина во Олимпијакос каде што се задржа само три месеци и од декември не е активен на фудбалските терени.

„Сега сум спремен и фокусиран за нови предизвици. И не грижете се, кога ќе дојде време за пензија тоа ќе ви го соопштам лично“, гласи пораката на Туре.
Очигледно настанало некакво недоразбирање помеѓу агентот Селук кој се грижи за неговата кариера и Туре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…