Дома Фудбал Лига на шампиони Стив Никол: Поради „паметната“ одлука на господинот Ловрен, се уште не сме во финалето

Стив Никол: Поради „паметната“ одлука на господинот Ловрен, се уште не сме во финалето

Ливерпул во вчерашниот натпревар на „Енфилд“ ја совлада Рома во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со резултат 5:2 и така направи голем чекор кон финалето кое ќе се игра наредниот месец во Киев.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Црвените“ иако имаат добра победа од 5:2 истата можеше да биде и поубедлива. Ливерпул на само десетина минути пред крајот водеше со 5:0, меѓутоа во финишот погодуваа Џеко и Пероти.

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Стив Никол после натпреварот изјави дека Дејан Ловрен е главниот виновник што резултатот не останал 5:0. Хрватскиот фудбалер направи голема грешка при првиот гол на Рома кога Џеко одлично ја прими топката и ја затресе мрежата на Кариус.

„Водите со 5:0 и се чека само да ја приведете работата кон крајот и тогаш господинот Ловрен прави „паметна“ одлука. Испадна како дете во таа ситуација. Пеналот е нешто друго и тука немавме среќа. Се чуствувам ужасно бидејќи од готова работа сега се уште мораме да се грижиме за пласманот во финалето. Рома против Барселона веќе покажа дека може да направи чудо“, изјави Никол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…