Репрезентативецот на Македонија Стефан Спировски остана без клуб откако се раздели со АЕК Ларнака.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кипарскиот тим прави „ремонт“ и се ослободи од неколку фудбалери. Спировски за АЕК настапуваше една година. Договорот го потпиша во јуни 2020 година. Во тимот пристигна од Ференцварош.
Веста за раскинувањето на договорот АЕК ја објави на социјалните мрежи.
31-годишниот Битолчанец е редовен во репрезентацијата и зад себе има 40 настапи, ќе биде дел и од трите натпревари кои ни следат сега со Ерменија, Исланд и Романија.