Дома Фудбал Останато Сте видели ли посреќен гол од пенал од овој постигнат за викендот? (ВИДЕО)

Сте видели ли посреќен гол од пенал од овој постигнат за викендот? (ВИДЕО)

Веројатно најсреќниот гол од пенал го видовме на натпревар од младинската лига во Мексико одигран за викендот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, кадетите на Чивас играа против Лобос БУАП, а на крајот натпреварот се решаваше преку пенал рулетот.

Првиот пенал за домаќините го шутираше Диего Капиљо. Кампиљо ја погоди пречката, а голманот на Лобос мислеше дека тоа ќе биде промашување.

Но, откако топката се одби високо во воздухот се врати и на крајот заврши во мрежата. Судијата го призна погодокот. Овој гол дури и коментаторите кои ги пренесуваа натпреварот ги остави без текст.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…