Дома Трансфер зона Стариџ донесе одлука – го напушта Ливерпул

Стариџ донесе одлука – го напушта Ливерпул

Даниел Стариџ и Ливерпул ќе се разделат по завршувањето на сеозната, пренесуваат англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Договорот на 29-годишниот напаѓач со Ливерпул истекува на крајот на сезоната, па Стариџ ќе може да го напушти „Енфилд“ како слободен агент.

Стариџ оваа сезона не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, а со оглед на фактот што често се мачи со повреди, раководството на „црвените“ одлучи да не му понуди нов договор.

Стариџ е атрактивен за многу европски клубови особено поради фактот што ќе биде слободен агент, но во Англија се зборува дека во моментов најблиску до потпишување договор со него е шпански Бетис.

Во Бетис се убедени дека со своите квалитети и искуство Стариџ би бил иделано засилување за нападот, но сепак ќе треба да се изборат со конуренцијата.

Интерес за Стариџ покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, а тој се уште не ја донел конечната одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…