Дома Фудбал Италија Станковиќ за Влаховиќ: Како да има 30, а не 20 години

Станковиќ за Влаховиќ: Како да има 30, а не 20 години

Душан Влаховиќ денес е во центарот на вниманието поради неговиот трансфер во Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Многу клубови се поврзуваа со српскиот напаѓач, а Јувентус успеа во три дена да го заврши трансферот и да донесе сериозно засилување пред вториот дел од сезоната. Италијанските медиуми денес објавуваат и изјава на Дејан Станковиќ кој сликовито го опиша Влаховиќ.

„Влаховиќ е отворена книга, можете да замислите колку празни страници содржи. Може да расте и напредува, но веќе сега поседува моќ, сила, техника и чувство за гол како да има 30 години, а не 20. Тој е иднината на српскиот фудбал“, изјавил неодамна Станковиќ за италијанските медиуми.

За многумина овој трансфер е трансфер кој може да промени многу во вториот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…