Дома Фудбал Стадионот на кој играше Македонија на Европското првенство ќе се претвори во бегалски камп за Украинци

Стадионот на кој играше Македонија на Европското првенство ќе се претвори во бегалски камп за Украинци

Националната Арена во Букурешт и нејзиното комплетно опкрувжување ќе стане бегалски камп откако романската престолнина објави дека ќе прими 25.000 бегалци од Украина после воената акција на Русија.

Во Украина веќе влегуваат илјадници бегалци кои ги напуштија домовите поради нападот на Русија врз Украина. Градоначалникот на Букурешт изјави дека градот може да прими 25.000 бегалци кои, а стадионот ќе биде привремено место каде што ќе се смесутваат Украинците.

Паркингот околу стадионот ќе биде претворен во привремени живеалишта со бараки.

На овој стадион Македонија летово ги одигра натпреварите против Австрија и Украина од Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од осум гола до патерици: Фрозиноне остана без својот голгетер

Антонио Раимондо ги повреди лигаментите на левиот скочен зглоб во победата над Торино. Прв…