Дома Кошарка Србите среде ноќ им приредија голем пречек на кошаркарите 🎥

Србите среде ноќ им приредија голем пречек на кошаркарите 🎥

Српските навивачи им приредија голем пречек на кошаркарите на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Во раните утрински часови се собраа повеќе од илјада навивачи да ги пречекаат своите херои. Србија во Белград се врати со сребрениот медал од Светското првенство откако во финалето беа поразени од Германија.

Дома беа пречекани како вистински шампиони.

„Пресреќен сум што во овие ноќни часови луѓето се собраа во вака голем број да не пречекаат. Им благодарам и се надевам дека уживаа во нашите натпревари“, изјави Богдановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Фенербахче се мачеше со Тофаш, па со серија 7-0 ја прекина низата порази

Хортон-Такер и Бракстон Ки го решија отпорот на Тофаш во финишот за победа на Фенербахче о…