Помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал владее големо ривалство, Рафа во овој момент е далеку зад српскиот ас, но нема намера се уште да се пензионира.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Упорен е Надал и прави се за да се врати на терените и да биде конкурентен на големите турнири. Во летото кое следи Надал сака да дојде до медал на Олимписките игри во Париз.
Сега во јавноста излезе неговиот чичко Тони Надал кој даде изјава која предизвика бурни реакции.
Можеби стануваше збор за шега, меѓутоа спорската јавноста сигурно му замерува, посебно фановите на Ѓоковиќ.
„Сакам Ѓоковиќ да се повреди пред стартот на ОИ во Париз за Рафа да го освои златниот медал“, изјави Тони Надал.