Дома Останати Ракомет Спрема ли ЕХФ жестока казна за Червар поради вчерашниот хаос?

Спрема ли ЕХФ жестока казна за Червар поради вчерашниот хаос?

Aко се повлече паралела, Веселин Вујовиќ знаеше да добие и по три натпревари суспензија поради критикувањето на судиите, па Лионо Червар судејќи според се го чека жестока казна.

Червар после натпреварот изјави дека вчера се случил грабеж кој го видел целиот свет, како и дека судиите треба да се затворат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот селектор благо кажано беше бесен после натпреваротво Келн. Данската судиска двојка Гединг и Хансен при еден разлика за Германија во финишот досудија пробивање при еден обид на Карачиќ иако голем дел од спортската јавност смета дека тука требало да има пенал за Хрватска.

„ЕХФ не може да ме казни поради вакви изјави. Во ракометот сум 45 години и јас смеам тоа да го кажам. Не ги навредував судиите и не бев безобразен“, смета Червар.

Сепак, преовладува мислењето дека ќе добие драстична казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…