Дома Фудбал Англија „Специјалниот“ нешто спрема – беше на состанок со менаџерот на Руни!

„Специјалниот“ нешто спрема – беше на состанок со менаџерот на Руни!

Вејн Руни оваа сезона не е во прв план кај Жозе Мурињо, а за тоа виновни се повредите, но и тактичките замисли на Португалецот.

Англискиот фудбалер и капитен на Јунајтед оваа сезона беше стартер на само 12 натпревари во Премиер лигата, поради тоа медиумите во Англија се почесто пишуваат за негово напуштање на „Олд Трафорд”.

„Масло на огнот” веројатно додаде и состанокот кој го имаше манџерот на Руни со Жозе Мурињо.

Руни има уште две години од договорот со Манчестер Јунајтед, заработува 300.000 евра неделно и неговото евентуално заминување би имало големо влијание кога се финансиите во прашање.

Не се чекаше многу и да се појават шпекулации за неговиот нов клуб, а најмногу се споменува тимот на Евертон, но тука се и богатите кинези.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта ја откри вистинската трансфер „бомба“: Се обидовме се, лично му се јавив

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри дека неговиот тим минатото лето се обидел …