Дома Фудбал Лига на шампиони Спектакуларно дерби во Минхен: Баерн славеше против Јунајтед 🎥

Спектакуларно дерби во Минхен: Баерн славеше против Јунајтед 🎥

Во дербито на вечерта во рамките од првото коло во Лигата на шампионите, Баерн Минхен во интересен натпревар забележа победа против Манчестер Јунајтед со 4:3.

Доминираше Баерн од самиот почеток, а таквата игра им се исплатеше по само половина час игра. Се играше 28. минута кога Лерој Сане шутираше од работ на шеснаесетникот, Онана лошо интервенираше и топката заврши мрежата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Само четири минути подоцна, Серж Гнабри по асистенцијата од Мусиала зголеми на 2:0. На пауза германскиот гигант замина со два гола предност.

На стартот од второто полувреме Хојлунд постигна гол за надеж на Јунајтед, но веќе во 53. минута по игра со рака, Баерн доби пенал кој го реализираше Кејн.

Најинтересно во вториот дел беше во завршницата, Касемиро во 88. минута постигна гол за 3:2, Тел го врати водството на Баерн од два гола предност, за на крајот во петтата минута од судискот продолжение Касемиро да постигне и втор гол за конечни 4:3.

Во останатите натпревари Арсенал славеше убедливо против ПСВ со 4:0, Салзбург со 0:2 ја совлада Бенфика, Наполи на Елмас беше подобар од Брага со 1:2, додека со 1:1 завршија средбите Реал Сосиедад – Интер и Севиља – Ленс.

Eлмас го одигра последниот половина час за Наполи откако влезе во игра на местото на Кварцхелија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Човекот со најдобра работа во светот: Освојува трофеј за секои 10 минути на теренот

Eдно име од редовите на актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити посебно се издвојува –…