Италијанските медиуми оваа недела пренесоа дека Интер планира да му понуди продолжување на соработката на својот напаѓач, Икарди, најмногу поради фактот дека во таборот на „Нероаѕурите“ сметаат дека неговата откупна клаузула од 110 милиони евра не е доволна да ги предомисли потенцијалните купувачи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Токму поради тоа и тренерот на Интер, Спалети смета дека клубот би морал да понуди нов дополнет договор, со поголема откупна клаузула.
„За Икарди треба да се даде најголемата откупна клаузула. Тој е на нивото на Иско и останатите врвни играчи“, прокоментира Сплаети за Премиум спорт, очигледно осврнувајќи се на фактот дека на новиот договор на Иско со Реал Мадрид е вклопена откупна клаузула од 700 милиони евра.