Дома Фудбал Италија Спалети со освоеното Скудето ќе испише историја: Никогаш не патував со прва класа, одев со автостоп

Спалети со освоеното Скудето ќе испише историја: Никогаш не патував со прва класа, одев со автостоп

Наполи со победата против Јувентус направи уште еден важен чекор кон титулата, но во клубот се свесни дека мораат да почекаат за да почне најголемото славје.

На врвот Наполи има 17 бодови повеќе од Лацио кој е второпласиран и 19 повеќе од третопласираниот Јувентус.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Оваа победа е важна во патот до конечен триумф, па нормално е играчите да слават. Кога ќе победите на ваков натпревар во судиското продолжение тогаш среќата е уште поголема“, изјави Спалети.

Фудбалерите на Наполи во Торино го победија Јувентус со 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Џакомо Распадори во третата минута од судиското продолжение.

Следниот викленд Наполи ќе има прилика и математички да го прослави Скудетото, а 64-годишниот Спалети ќе стане најстариот тренер кој освоил титула во Серија А. Рекордот во овој момент го држи Маурицио Сари кој со Јувентус освои титула на 61 година во 2020 година.

„Никогаш не патував со прва класа со седиште до прозор, секогаш патував со автостоп. Но, кога сте во позиција да го освоите Скудетото ви се враќаат сите жртви“, изјави Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…